Ковачевски: Еврообврзницата од 450 милиони евра е незаконски јавен долг, ќе ја оспориме!

Од:

„Оваа власт, наместо да ги задолжува граѓаните со кредити и еврообврзница, треба да ги врати над 5-те милијарди евра изнесеени пари на граѓаните во странство. Се кратат пари за инфраструктура, патишта, училишта, за здравство.Владата само размислува како да обезбеди инвеститори за новата еврообврзница, за покривање на долговите од недомаќинското работење.

Ова е финансиски тероризам, а не обидот на опозицијата да застане на патот на новото задолжување на нас граѓаните на Република Македонија.

Еврообврзницата од 450 милиони евра, што ја издаде оваа Влада, без притоа да се запазат сите законски и правни процедури е незаконска и ќе ја оспоруваме како законски јавен долг. Министерот Миновски ја издаде еврообврзницата притив законски, спротивно на член 18 став 6 од Законот за јавен долг, а заменичката министерка Бришкоска неовластено присуствувала на конференциската врска на инвеститорите. Ова лично го призна министерот за правда. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го задолжија секое семејство во Република Македонија за нови 4.455 евра. Ова е проектот на десет годишното владеење на Никола Груевски. Јавниот долг ја надмина границата од 50%. За сето ова, оваа власт ќе мора да одговара“, рече во обраќањето Васко Ковачевски во Собранието на Македонија на којашто се дебатира за предложениот Ребаланс на Буџетот од страна на Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби