Ковачевски: Диневски ќе ја препороди Битола

Од:

„Првпат во македонскиот плурализам граѓаните имаат можност на повеќе од шест месеци пред локалните избори, да се запознаат со нашиот кандидат за градоначалник и заедно со него да ја испишат програмата која ќе го врати сјајот и достоинството на Битола.

– На општинската изборна конференција за наш кандидат за Градоначалник на Општина Битола, едногласно го избравме Менде Диневски – актуелен пратеник во македонскиот парламент“, изјави Васко Ковачевски од Општинската организација на СДСМ во Битола.

„Изборот беше спроведен по демокрaтска процедура која започна со предлагање на кандидати за Градоначалник, од Месните организации до Општинската конференција на СДСМ во Битола. Одлуката, Менде Диневски да биде кандидат за градоначалник беше донесна согласно поддршката од граѓаните на серијата анкети како и од целосната внатрепартиска поддршка.

– Кандидатот на СДСМ во Битола е прв меѓу еднаквите, најдобар од најдобрите и затоа цврсто сме уверени дека тој ќе биде идниот Градоначалник на Општина Битола. Менде Диневски како кандидат за градоначалник ќе биде и официјално промовиран на митингот кој СДСМ ќе го одржи во сабота на 29 септември во 20 часот во центарот на Битола. Заедно со граѓаните ја продолжуваме заедничката битка за подобра и поуспешна Битола“,  додаде Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?