Ковачевски-Агелер: Пратениците треба да покажат државничко однесување

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, со која разговарале за поддршката од САД за европскиот пат на земјава.

– Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца, напиша Ковачевски на својот фејсбук профил.

Според премиерот, пратениците се пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во ЕУ.

-Заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, врвна демократија, заради подобар живот по европски стандарди. Затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината. ЕУ е нашата единствена алтернатива, напиша Ковачевски на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

Агелер: На Груби, Беџети и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, се разгледуваат и дополнителни санкции

Мицкоски: Васко Ковачевски не е во Македонија, за брзо време ќе го најдеме

Горан Наумовски

Агелер: Политичкото мешање во судството не може и нема да се толерира

Агелер: Енергетската сигурност и зелената енергија се приоритети што треба да ги надминат партиските политики

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски