Котески: Загрижувачка е состојбата во РЕК

Од:

Подолг период предупредуваме дека состојбите во РЕК Битола и во ЕЛЕМ се многу сериозни и освен што чинат милиони евра пари на граѓаните, 100% поскапа цена на струјата, може да чинат и човечки животи, рече Благојче Котески.
 
Како признание за промашените енергетски политики и за лошото раководење со РЕК Битола на кадрите од ВМРО-ДПМНЕ, вчера оставка поднесе генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски.
 
Новоименуваниот директор Христијан Мицковски како досегашен владин принуден управник на РЕК Битола е должен да одговори:
 
Дали и покрај сите милионски договори за ископ на јаглен, менаџерите од ВМРО-ДПМНЕ во РЕК Битола не можат да обезбедат јаглен во месец септември?
 
Дали РЕК Битола ќе има доволно јаглен за работа во текот на грејната сезона? 
 
Зошто клучната багерска единици, SRs 1050, се уште е во дефект?
  
Дали со ова директно не се загрозува отварањето на подинските јагленови серии во рудникот Суводол, односно работењето и снабдување на јаглен на термоцентралите?
 
Колку ги чини граѓаните на Република Македонија вклучувањето и исклучувањето на еден БЛОК од термоцентралата?
 
На граѓаните им е потребен стабилен енергетски систем, којшто ќе гарантира стабилно производство на електрична енергија и домашна поефтина струја.
 
По демократските промени, новата, одговорна и транспарентна влада предводена од СДСМ ќе го поттикне и ќе го поддржи развојот на домашните енергетски капацитети,  што ќе придонесе за зголемување на домашното производство на струја и пониска цена на струјата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни