А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Котески: За модерна Армија потребни поголеми финансиски средства

by А1он15/08/2014 - 15:12200
Share0

За одржување ефикасен одбранбен систем на државата и висок степен на борбена подготвеност на Армијата, потребни се поголеми финансиски средства кои во последниве години се намалени. АРМ изготви Предлог план за модернизација, за кој постои поддршка од претседателот на државата, премиерот и министерот за одбрана. Очекувам дека оваа одлука ќе биде донесена во корист на АРМ и на државата.

Добивај вести на вибер

Ова го истакна денеска началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески на свеченоста во кругот на Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана спроти одбележувањето на 18 август – Денот на АРМ, на која присуствуваа министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменик-министерот за одбрана Арбен Лабеништа, заменикот началник на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, како и гости од дипломатскиот кор.

– АРМ мора да биде секогаш подготвена да го одбрани новото сонце на слободата на независна и суверена Македонија. Мора да го чекориме нашиот пат полн со предизвици, мора да бидеме мудри и да градиме модерна одбрана која ќе биде приспособена не само во функција на одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет, туку и да им помага и да соработува со нашите партнери. Реалноста на денешното време од нас бара способност успешно да се носиме со новите безбедносни предизвици кои се тешко предвидливи, а на глобално ниво се одвиваат со голема брзина, рече началникот на ГШ Котески.

Тој подвлече дека овие цели армијата може да ги постигне со заедничка заложба и со висока обученост.

– Барам како началник на ГШ да се раководите од интересите на Армијата и државата затоа што само тие водат и ќе не одведат до патот на успехот, стабилноста и просперитетот, пат по кој мора сите заедно да чекориме, рече генерал-потполковник Котески.

Тој се осврна и на стратегиската цел на државата за членство во НАТО каде, како што подвлече, АРМ успеа да се наметне како армија со достигнат степен на интероперабилност и оперативна способност, но, иако ги постигна стандардите се уште не е дел од НАТО Алијансата.

– Очекувам дека нашите пријатели и партнери од земјите членки на НАТО ќе го разберат ова чувство на неправда кон припадниците на АРМ. Како Армија и понатаму ќе придонесуваме во регионалната и меѓународната безбедност и не се откажуваме од нашата стратегиска цел да станеме дел од воено политичката алијанса чија одлука не зависи само од воената, туку и од политичката елита, подвлече првиот човек на ГШ на АРМ.

Во идниот период генерал-потполковник Котески рече дека во фокусот на напорите на Армијата ќе бидат повеќе приоритети како измена на законската легислатива во насока на подобрување на стандардот на припадниците на АРМ и унапредување на процесите во одбраната, продолжување со имплементација на новата организациско-формациска структура на АРМ, ефикасна реализација на буџетските средства за модернизација на АРМ и имплементација на концептот за општа и активна резерва. Тој додаде дека АРМ продолжува со учеството и во мировните операции во Авганистан, БиХ и Либан, како и со јанкење на борбената готовност на единиците со приемна на квалитетна обука и соодветно одржување на борбената техника.

На денешната свеченост беа прочитани наредби за унапредување и врачени плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на Министерството за одбрана и ГШ.

arm

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски07/02/2026 - 18:1007/02/2026 - 18:12

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Горан Наумовски29/01/2026 - 15:46

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 09:17

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:03

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

Горан Наумовски18/08/2025 - 14:09

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски18/08/2025 - 09:5418/08/2025 - 09:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен