Котески: Никој нема право да го уништува угледот на АРМ

Од:

Императивите, обврските и одговорностите кои произлегуваат од војничката професија, подеднакво ја делат сите припадници на АРМ, без разлика на чин, должност, национална, верска или полова припадност. Затоа, никој нема право да нанесува штета на се што изминативе години трпеливо и напорно е создавано и градено. Особено нема право да посегне по угледот и рејтингот кој Армијата го ужива, изјави началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески.

Тој додаде дека благодарение на успешно спроведените реформи за релативно краток период АРМ успеа во НАТО да се наметне како Армија достигна степен на интероперабилност и оперативна способност.

– Од воена гледна точка, како армија дадовме максимум за НАТО, ги постигнавме стандардите, ги поддржуваме, соработуваме, ценети сме од партнерите и ние не можеме ништо повеќе да дадеме и направиме. Останува од нас како Армија да придонесуваме во регионалната и меѓународната безбедност и да ја одржуваме кондицијата и напредокот штоп сме го стекнале. Не се откажуваме од нашата стратегиска цел да станеме дел од воено-политичката алијанса, чија одлука не зависи само од воената, туку и од политичката елита – нагласи началникот на ГШ на АРМ.

По повод одбележувањето на Денот на АРМ, 20 – тина старешини беа унапредени во чин полковник, потполковник и мајор, а беа врачени и плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на МО и ГШ на АРМ.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната