Костовски: ВМРО-ДПМНЕ собира арач од граѓаните во Куманово

Од:

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ собира арач од граѓаните на Куманово – обвини Мартин Костовски претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.

Инспектори од Управата за јавни приходи со изрекување на казни затвораат дуќни во градот. И кумановци се државјани на Република Македонија иако градоначалниот на овој град е од друга партија, рекол Костовски.

Портпаролот на Управата за јавни приходи Весна Новаковиќ најостро ги демантира обидите за политизирање и регионализација на примената на даночните закони.

„Управата не собира арач, туку данок кој треба сите да го плаќаат подеднакво. Како и секогаш ќе го повториме нашиот став – со ваквите изјави од страна на политичките партии, се наштетува на легалните бизниси кои навремено и во целост ги плаќаат даноците во Македонија. Не сакаме да веруваме дека посочената политичка партија ја подржува сивата економија и неплаќањето на даноците. Законите во Македонија важат за сите, па според тоа и единствен критериум според кој некој може да се соочи со казна од УЈП е дали го почитува законот или не. УЈП не може да “измислува“ посебни правила. Правилата се исти и за Скопје, и за Тетово, и за Охрид, па и за Куманово…

Казните не се “проста математика“ и не ни е познато по која формула оваа партија ги дели бизнисите, бидејќи УЈП таква формула нема. Бизнис е бизнис, а според УЈП постојат даночни обврзници кои плаќаат даноци и оние кои не пријавуваат и не плаќаат даноци. Покрај спроведените контроли во Гевгелија, Велес, Струмица, Скопје, Куманово….Управата за јавни приходи продолжува со редовни контроли во делот на фискализацијата, а за резултатите од контролите, како и секогаш јавноста ќе биде транспарентно информирана“ – вели Новаковиќ за Канал 77.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски