Костова: Мицкоски ги потценува граѓаните, тој им даде амин на трговците да ги покачат цените

Од:

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски оценувајќи дека ја навредува интелигенцијата на граѓаните.

„Само затоа што куповната моќ е мала, не значи дека е мала и способноста за расудување на граѓаните. А, граѓаните добро знаат дека Мицкоски прво им даде доволно време на трговците да ги покачат цените, за да денес вели дека срамота било ова што го правеле. Мицкоски двојно ги потценува граѓаните: прво преку празнење на нивните џебови, а сега и преку навредување на нивната интелигенција. Затоа неговото кревање раменици и лошо изглумена грижа не проаѓаат. Самиот Мицкоски им даде и амин и време на трговците вртоглаво да ги качат цените. И сега, на пет-шест часа пред католички Бадник, тој ќе преземал нешто. Што би рекле старите „после свадба – тапани.“ На сите им е јасно дека Мицкоски е слуга на интересите на големиот капитал, а не на интересите на обичните граѓани. Тие евтини приказни за вџашеност од аздисот на трговците нека им ги кажува на нив. Откако Азески ќе му нареди да си седне на столчето. Ако смее, де“ стои во објавата на Костова на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?