Костов: Двајца пациенти од синоќешната сообраќајна несреќа се во критична состојба

Од:

Пет лица се сместени на Одделот за интензивна нега во ГОБ „8 Септември“, од кои двајца се во критична состојба, по синоќешната автобуска сообаќајна несреќа што се случи на автопатот Скопје – Тетово кај селото Ласкарци, истакна вечерва директорот на Градската општа болница „8 Септември“ Христијан Костов.

Прецизира дека во шок соба моментално се сместени двајца пациенти, кои се поставени на механичка вентилација со неуротраума, двајца нови пациенти кои се префрлени од Траума-центарот, како и една претходно оперирана пациентка на која и беше извадена слезината и која е во стабилна општа состојба.

– Во моментов во критична состојба се двајцата што се на механичка вентилација со неуротраума. Другите се во добра општа состојба. Двајца од пациентите се качени од Одделот од траума центарот на Одделот за инвазивно лекување заради опсервација. Едниот од нив е на 15 годишна возраст, а другиот на 40 години. Кај нив има лесна промена на крвната слика, но се под контрола и се прават дополнителни испитувања. Засега се во стабилна состојба, посочи Костов.

Нагласи дека бројката на хоспитализирани лица од сообраќајката е се уште иста 28, а промени има само во преносот на различни одделенија. Другите повредни пациенти, посочи, се во добра општа состојба.

– На еден пациент кој имаше повреда на градниот кош, односно торакална траума, претходно синоќа му беа поставени два торакални дрена и заради влошување, во смисол на отежнато дишење, беше поставен на менахичка вентилација, а за подобра контрола и опсервација од торакален хирург, беше транспортиран на КАРИЛ, изјави Костов.

Потенцира дека најмладиот повреден пациент од сообраќајката што е сместен во ГОБ „8 Септември“ има 15 години, а најстариот 65 години, а останатите воглавно се млади луѓе.

Дежурниот хирург д-р Ежевит Кдри посочи дека се надева оти лекувањето на двајцата пациенти што се префрлени во Одделот за интензивна нега ќе заврши без оперативен зафат.

– Тие се префрлени на ова одделение заради интензивниот мониторинг што може да им се пружи, рече Кадри.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

Предраг Петровиќ

Полицијата го уапси возачот кој во Маџари тешко повреди девојче и избега од местото на несреќата

Во Маџари тешко е повреденo 11-годишно девојче, возачот избега од местото на сообраќајката

Горан Наумовски

Млад џудист на „Партизан“ загина во сообраќајка близу Нови Сад, осум патници се тешко повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Објавена снимката на страшниот судир во кој загина деветгодишно дете и родителите

Предраг Петровиќ