(ВИДЕО) Костов: Засега има 4 жртви, еден повреден е на реанимација

Од:

Од пред повеќе од еден час примени се околу 35 пациенти со брза помош од сообраќајката со автобусот кој се случи на автопатот Тетово-Скопје. Од нив за жал 4 се починати, а еден е на интензивна нега му се прави реанимација, изјави за А1он директорот на ГОБ 8 Септември, Христијан Костов.

-Сите други се вон животна опасност, згрижени во ново отворениот траума центар. Викнати се сите дополнителни екипи, отворени се 4 сали. Во текот на ноќта сите изолирани повреди, скршеници, рани ќе бидат згрижени, тоа е билансот од овој несреќен случај, вели Костов.

Директорот на 8 сепмтеври вели дека покрај 35 примени пациенти, очекува уште неколку повредени да пристигнат во болницата.

-Бројќата засефа е 35, уште колку ќе дојдат не можам да ви кажам. Најавени се околу 50 повредени, веројатно дел се отидени на Клиничкиот центар. Се уште доаѓаат возила на брза помош, очекуваме бројката да стигне до 45 повредени, вели Костов по што додаде дека болницата има капацитет и дека сите екипи се повикани на работа.
-Операционите сали се отворени, хирурзите се 80 отсто повикани на работа и се тука присутни. Сите капацитети кои ќе ги има болницата ќе бидат искористени, вели Костов.

По изјавата на Костов, А1он дознава дека има уште една жртва од сообраќајната несреќа односно реанимацијата за повредениот не била успешна.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Камионџија загина во сообраќајка на автопатот Демир Капија – Гевгелија

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени

Горан Наумовски

Во сообраќајка кај Стојаково тешко е повредено 18-годишно момче