Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ се уште не се оградува од бегалецот Груевски, штити осуденици и криминалци

Од:

Во своето обраќање на денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија, пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов истакна дека се додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се оградат од бегалецот и осуден криминалец, Никола Груевски немаат кредбилитет да зборуваат за одговорност и реформи.

– Ја користам оваа прилика да потенцирам дека вие како опозиција треба да понудите некакво решение, а вие немате апсолутна никаква понуда, така на власт не се доаѓа. Се дури не се оградите од бегалецот со лисици кој уште ви дава насоки како да постапувате и што да зборувате преку неговиот пион Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ нема да дојде на власт. Свртете се кон себе, полни сте со криминал, само погледнете зад вас имате пратеник обвинет за 27 април, тоа кажува се и затоа граѓаните нема да дозволат да се вратите на власт, порача Костадинов.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on