(ВИДЕО) Костадинов: Придобивките од членството во Европската унија се огромни за сите граѓани

Од:

На референдумот на 30 септември да кажеме „да“ за светла иднина, за членство во ЕУ и НАТО со зачуван и зајакнат македонски идентитет, повика од денешната прес-конференција од Струмица пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Со македонско-грчкиот договор пред нас се отвора патот за поноправно членство во ЕУ и НАТО, со признаен македонски идентитет. Членството во ЕУ носи подобар животен стандард, повеќе пари, поголеми фондови, инвестиции, вработувања, екононски раст и развој. Да се биде дел од ЕУ значи повеќе можности и зголемување на вработувањата во Македонија, за отворање на нови и подобро платени работни места, истакна Костадинов.

Го посочи примерот на соседна Бугарија, каде невработеноста паднала за 6,2 отсто во 2017 година. Додаде дека такви примери има многу за земјите кои што станале членки на Унијата.

– Преку програмата за младинска вработеност на Европскиот социјален фонд, во периодот од 2007 до 2013 биле вработени над десет милиони Европејци. Да се биде дел од заедничкиот ЕУ пазар, значи отворени граници за македонските производи и пристап до 500 милиони потрошувачи. Зголемениот извоз значи подобар пласман на земјоделските производи и повеќе пари за секој земјоделец. Со отворање кон ЕУ пазарот, хрватскиот извоз на пример се зголемил од девет милијарди на 14 милијарди евра, потенцираше Костадинов.

Тој уште еднаш потенцираше дека придобивките од членството во Европската унија се огромни за сите наши граѓани и затоа рече дека не смееме да ја пропуштиме оваа историска можност за напредок, за обезбедување на нашата иднина, за нови работни места, подобар животен стандард и повисоки плати.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници