(ВИДЕО) Костадинов: Милошоски со лажните вести го наруши угледот на Собранието

Од:

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов денеска побара оставка од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, поради како што кажа, низата дезинформации кои ги шири изминатиот период во јавноста.

„Дезинформаторот Милошоски не е достоен да ја врши функцијата пратеник во Собранието и треба да си поднесе оставка. Милошоски ја злоупотреби собраниската говорница и пратеничките прашања за да шири лажни вести, со што го наруши угледот на Парламентот. Милошоски се промовира како најголем извор на лажни вести. Неговите лаги дека бизнисмен бил рекетиран и барал помош од амбасадата на Белорусија во Белград беа демантирани од конзулот на Белорусија во Република Северна Македонија. Јасно е наведено дека се што беше искажано од собраниската говорница се лажни вести“, рече Костадинов.

Пратеникот од СДСМ посочи дека ова не е прв пат Милошоски да се однесува вака срамно, неодговорно и недостојно.

„Милошоски лажеше дека седум членки на ЕУ биле против продолжување на преговорите на Македонија со Унијата. Тогаш како и сега Милошоски не покажа ниту грам одговорност и не се извини за изнесените лаги. Тогаш и сега Милошоски покажа дека намерно носи одлуки кои се на штета на интересите на граѓаните“, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО