Костадинов: Лашкоска барала 100 илјади денари за опашката на бикот од буџетот за опрема и машини

Од:

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов објави амадман кој го поднела пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска, а со кој, таа бара 100 илјади денари за нова опашка  за споменикот – бик, кој е поставен на улица Македонија. Според документот објавен од Костадинов, таа амандманот го поднела до Собранието како дел од предлогот за изменување и дополнување на буџетот до 2019 година.

„Со амандманот се предлага да се обезбедат средства во висина од 100.000 денари за обнова на споменик – опашката на бикот, кој се наоѓа во централното градско подрачје во Скопје“, пишува во амандманот поднесен Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според документот заведен со архивски број, а објавен од пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов, парите за опашката треба да се обезбедат од ставката за опрема и машини.

„Вака изгледа еден амандман од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. На прв поглед кога го читате внимание ќе ви привлече барањето за промена на опашката на бикот на ул. Македонија, од ставката, замислете, опрема и машини?! Но, не е во тоа суштината. Имено, сите амандмани на опозицијата се испратени до претседателот на Собрание на Република С Македонија. Не знам која е намерата на ДПМНЕ, но ова може да има две значења – официјално го прифатија уставното име Северна Македонија или можеби Република С Македонија за нив е повеќе прифатливо решение“, пишува Костадинов на социјалните мрежи.

Бикот е еден од првите споменици кои беа поставени низ центарот на градот како дел од проектот „Скопје 2014“. Скултурата е дело на Дарко Дуковски, кој за симболиката велеше дека претставува манифестација на сила, односно македонски симбол за плодноста. Тој за ова дело и скулптурата „Градска плажа“ зеде 50 илјади евра.

Опашката од споменикот е скршена кон крајот на 2018 година. Тогаш од Музејот на современа уметност кажаа дека ќе биде поправена, а МВР трагаше по сторителот.

Би можело да ве интересира

Пратениците во петок се враќаат на работа, на првата седница закажани се пет интерпелации

А1он

Бик уби човек кај Пожега

Москва најави жесток одговор: Ќе возвратиме

Неколку пратеници од Собранието добиле заканувачка порака

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

A1on

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

A1on