Костадинов го прогласи Пендаровски за победник

Од:

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов прогласи победа на нивниот кандидат Стево Пендаровски. Тој рече дека граѓаните го искористиле правото на избор, а институциите јасно кажале дека изборниот процес бил регуларен.

„Првичните тенденции се задржаа и покажуваат стабилно водство на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски. Од обработени половина од стигнатите гласови, Пендаровски води со 30 илјади гласови пред Сиљановска. Очекуваме таквата тенденција да продолжи и Пендаровски да биде прогласен за претседател на државата“, вели Костадинов.

Тој им порача на ВМРО-ДПМНЕ да не бараат изговори за поразот кој им следува.

„Граѓаните го препознаа концептот на единство, кој води кон ЕУ и НАТО. Граѓаните избраа вистински претседател кој води напред. Ние граѓаните, денеска кажавме конечно ‘не’ за враќање назад во темното минато и поделби“, додаде Костадинов.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија