Косовски камион излета од патот Крива Паланка – Куманово

Од:

Камион со косовски регистарски ознаки излета од магистралниот пат Крива Паланка – Куманово кај село Длабочица.

Камионот кој сообраќал кон Куманово, патувал од Граничниот премин Деве Баир, а пред локалитетот Просеченик, меѓу селата Длабочица и Псача, се излизгал поради влажниот коловоз и се испречил на десната страна од патот.

Според првичните сознанија, возачот на камионот, на педесетгодишна возраст, минал без повреди, а камионот го обезбедуваат полициски лица, со цел регулирање на сообраќајот.

Сообраќајот на магистралата Куманово – Крива Паланка се одвива непречено.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски