Кошевалиска, декан на штипскиот Правен факултет е против намалување на границата за кривична одговорност кај малолетниците

Од:

Вината за масовно убиство извршено во основното училиште во Белград, Република Србија од страна на дете од 13 години е во системот смета деканката на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Огла Кошевалиска, која денеска присуствуваше на одбележување на Денот на Европа и на презентација на истражувањето на тема Млади, миграции, образование.

-Значи системот е тој што потфрилил и не препознал навреме дека постои булинг. Настаните укажуваат дека треба да се размислува на креирање и зацврстување на правилни вредности кај младите, но и превземање на мерки коишто би го превенирале тоа. Во прв чекор вработување на повеќе педагози и психолози во стручните служби во училиштата, коишто би реално имале шанса да работат со децата, да имаат можност од прво до деветто одделение да работат и разговараат со секое дете, поединечно со секое дете во школото и да имаат некаков предвид за нивната аксиозност, односно дали нивното однесување е проблематично или пак манифестираат натпреварувачки дух или слично, вели Кошевалиска.

Смета дека како превентивна мерка би било ангажирањето на младите и во спортски активности, кои мора да се организираат во училиштата, за да, вели таа, енергија, еуфорија се канализира на правилен начин. Кошевалиска подвлекува дека треба да се има превентивна и правилна политика кон детското претстапништво, кои се во судир со закон или се во ризик.

Прашана дали нашата земја има простор за зголемување на границата за кривична одговорност кај малолетниците, Кошевалиска со одговор дека минималната возраст за кривична одговорност е 14 години, а се прифатени и ратификувани бројни меѓународни инструменти, што се во контекст на правда за децата. Посочува дека има студии што покажуваат дека во Европа и во светот оваа граница е токму 14 години.

Кошевалиска децидно вели дека не е поддржувач на идејата дека границата за кривична одговорност треба да се помести под 14 години.

-Во САД нема минимална возраст, но на европска територија најмногу се 14 години минимална возраст. Под 14 години нема кривична одговорност, затоа што се смета дека детето нема оформено свест за да може да му се прекори, за тоа што го има сторено. Во конкретниот случај во Србија се виде дека детето истражувало на интернет, до кога ќе биде кривично одговорен, заради тоа што го сторило. Меѓутоа има други начини на коишто тоа би се предвидело, вели Кошевалиска.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците