(ФОТО) „Координатор-2013“: Полицијата воспоставува нарушен јавен ред и мир и извлекува ВИП лице од објект

Од:

Припадниците на различни организациони единици при МВР денеска во скопската касарна „Ѓорче Петров“ ја презентираа показната вежба „Координатор- 2013“ година со цел да се покаже подготвеноста и координацијата на различни единици во услови на потреба за воспоставување на јавен ред и мир.

Пред присутните, меѓу кои и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Директорот на бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, како и началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, денеска согласно сценариото, полицијата  воспоставуваше нарушен јавен ред и мир во поголем обем и извлекување на ВИП лице од објект.

– Целта денеска беше да се покаже дека со координирана активност на различни единици од МВР може да се справуваме и со најсложени ситуации на нарушување јавен ред и мир, изјави по показната вежба министерката Јанкулоска, по што беше презентирана и опремата која ја користат различните единици што одговара на современите предизвици со кои се соочуваме во денешно време.

Инаку, согласно сценариото полицијата интервенираше пред фабрика за хемиски производи, која неконтролирано испуштила токсични материи во воздухот и во реката Вардар, по што месното население, повеќе НВО и спортско-риболовни друшта незадоволни од состојбата протестираат пред Министерството за животна средина.

Меѓу другото единицата за специјални задачи доби задача за итна евакуација на ВИП лицето од објектот, по што еден тим со хеликоптер се десантира и влегува во Министерството, а три други тима со шест возила се поставуаат во близина на објектот. Во меѓувреме, полицијата ја расчистува барикадата од демонстрантите, приведува лице и се повлекува.

kontejner-zapalen-0 polcija-april polcija-april1 polcija-april2 polcija-april3 polcija-april4 polcija-april5 polcija-april6 policija-mkd.2JPG policija-mkd policija-mkd4 policija-mkd-4 policija-mkd5

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет