Координативно тело: Критична состојбата во долното течение на Вардар

Од:

Критична останува состојбата во долното течение на Вардар каде се заканува опасност од излевање на реката околу Демир Капија, пред клисурата, како и низводно во правец на Гевгелија, соопшти Координативното тело кое денеска имало состанок во Министерството за транспорт и врски.

– И помалите притоки на Вардар на потегот од Демир Капија до Гевгелија (Бошава, Дошница, Стара, Кованска, Серменинска, Коњска и Анска) поради високиот водостој на Вардар и неможноста да се влијат во него би можеле да се излеат и да направат заезерување и поплавување пред вливот, односно во устијата на реките, информира Координативното тело за справување со кризи.

Екипи на сите надлежни институции се на терен и ги расчитуваат поплавените подрачја, а на критичните делови се преземаат превентивни мерки.

Координативното тело препорачува будно следење на состојбата од страна на сите надлежни институции. До градоначалниците апелира да ги активираат сите потребни ресурси и доколку имаат потреба да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување.

На граѓаните им се препорачува ако имаат проблеми да се јават на бесплатниот број 195 во Центарот за управување со кризи, а на сите возачите внимателно возење и информирање за состојбата на патиштата.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава