Координација за продолжение на конститутивната седница закажана за вторник

Од:

Координативната средба за закажување на продолжението на конститутивната седница на македонското Собрание, согласно консултациите со претставници на парламентарните партии ќе се одржат во вторник, информира денеска претседавачот со Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав Трајко Вељаноски.

– Денес во Собранието на Република Македонија ми беше доставено барање од 67 пратеници за закажување на продолжение на Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав, започната и прекината на 30 декември 2016 година. Од тие причини, а после извршените консултации со овластените претставници на политичките партии застапени во Парламентот, закажав координативна средба за вторник, 21 март 2017 година, во 12 часот. На координативната средба треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата кој ќе послужи како основ за закажување на продолжение на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, се наведува во соопштението од Вељаноски.

СДСМ денеска поднесе иницијатива во Собранието на Република Македонија поткрепена со потписите од 67 пратеници со која бара од Вељаноски веднаш да се свика продолжување на конститутивната седница.

Конститутивната седница на Собранието се одржа на 30 декември, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба