ВИДЕО: Конзилиум лекари одлучува дали ќе биде потребна ампутација на ногата на 20-годишната патничка

Од:

Конзилиум на лекари одлучува дали да се ампутира ногата на 20-годишна пациентка, информираше денеска мистерот за здравство Венко Филипче.

Тој на прес-конференција рече дека во Градската општа болница ,, 8 Септември” се лекуваат 28 пациенти. Шестмина ќе бидат пуштени на домашно лекување.

,,Од вкупниот број пациенти 6 се на интензивно лекување, кај двајца се направени хирируршки  интервенции. Двајца се на машини за дишење и нивната состојба е  критична. Кај нив има повеќе повреди, но засега кај нив нема потреба од интервенција. Во Клиничкиот центар на една млада пациентка на 20-ина година и е згменчена ногата. Конзилиум на  лекари одлучува дали ќе и’ биде ампутирана ногата”,  рече министерот за здравство Венко Филипче.

Во Клиничкиот центар се лекуваат 8 пациенти на различни клиники.

Директорот на болницата, Христијан Костов рече дека поради влошување на состојбата и гувење крв, извршена е хируршка интервенција кај 15 -годишен пациент и 40- годишник. Најпрвин е оперирано момчето по полноќ, кое имало повреда на црниот дроб и цревата со крварење во стомакот. Кај вториот пациент е отворена абдоминалната шуплина, кај тенкото црево. Во моментот се во добра состојба и стабилни. Нивната состојба се следи, информираат надлежните.

,,Потрба од крв нема”, рече директорот на болницата.

Васко Маглешов 

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он