Конзерваторски центар го демантира „Вечер“ за „Чудото во Св. Димитрија“

Од:

На фреските во Свети Димитрија не е непосреднон делувано, а дали влагата е причина за нивното чистење допрва ќе се утврдува.

Конзерваторскиот Центар ја демантира информацијата на весникот „Вечер“ дека испитувањата на конзерваторите покажале дека влагата е причината за чистењето на фреските во црквата „Свети Димитрија“.

„НУ Конзерваторски центар -Скопје го демантира денешниот напис објавен во дневниот весник „Вечер“ за причината за настанувањето на Чудото во скопскиот православен храм „Свети Димитрија“.

Истакнуваме дека стручниот тим на НУ Конзерваторски центар – Скопје од извршените хемиски анализи потврдува дека на фреските не се идентификувани матријали кои би укажале дека непосредно било делувано, односно нема остатоци од органски растворувачи и за тоа подготви посебен извештај.

Што се однесува пак на тврдењата во кои влагата е посочена како причинител за чистењето на фреските најостро ги демантираме и информираме дека НУКЦ – Скопје досега не вршеше испитување на влијанието на влагата. Во моментов НУКЦ е во постапка за набавка на апарати за мерење на влажноста со кои допрва ќе се вршат повеќегодишни следења на висината на процентот на влажноста во објектот“, реагираат со соопштение од Конзерваторкиот центар.

Би можело да ве интересира

На болничкиот прозорец се појави ликот на Богородица?

Предраг Петровиќ

Скопска епархија: Колку ќе ги исчистат фреските последните обилни дождови?

Емир Латифовиќ

МПЦ ги демантира резултатите на Конзерваторскиот центар

Кејт Мидлтон