Конзервација и санација на потпорниот ѕид околу споменичниот комплекс „Илинден“

Од:

Со поддршка од Министерството за култура, продолжуваат активностите за конзервација и санација на потпорниот ѕид на споменичниот комплекс „Илинден“, еден од најзначајните споменици на културата посветени на борците од НОБ и на Илинденското востание.

– Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп до крајот на октомври треба да го реализираат проектот за санација на потпорниот ѕид околу споменичниот комплекс, кој со децении бил препуштен на деструктивни промени предизвикани од свлечиштето на теренот, но и од уништување од човечки фактор. За таа цел, во изминатиот период беше извршена дренажа по целата должина на ѕидот со што се спречи неговото понатамошно уривање. По извршената дренажа, стручните екипи пристапија кон санација и изградба на ѕидот, соопшти Министерството за култура.

Министерството посочува дека реализацијата на проектот ќе овозможи заштита на споменичната целина и нема да се наруши визурата кон споменикот „Илинден“.

Споменикот е дело на македонскиот скулптор Јордан Грабулоски и архитектката и уметница Искра Грабулоска. Отворен е на 2 август 1974 година по повод 30–годишнината од заседанието на АСНОМ.

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Загинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа, таткото и две деца повредени

СДСМ: Зечевиќ со млади социјалдемократи на коњички марш во Крушево

Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанов во Крушево

Горан Наумовски

Извлечен брачен пар кој со возило заглавил во снежните наноси во крушевско

Катерина Ѓуровски