Конвенција на опозицијата во недела во Куманово

Од:

Во Куманово Сојузот за иднината, во недела ќе одржи политичка конвенција, во Спортската сала.

Иако првично беше објавено дека настанот ќе се одржи во Домот на културата, поради масовноста е донесена одлука да се одржи во Спортската сала.

Пратеникот, Оливер Спасовски ги повика членовите и симпатизерите на опозицијата, кои се незадоволни од актуелната власт да присуствуваат на собирот.

-На Конвенцијата ќе биде усвоена декларација за политичко дејствување на СДСМ и коалиционите партнери во наредниот период и декларација со која што ќе се изрази волјата на овие политички субјекти, за надминување и решавање на политичката кризата. Куманово, не се согласува да живее во Македонија за која ќе се зборува за недостаток на демократија. Сметам дека како и многупати досега, како кога се одржуваше протестниот марш, караван, сега сите граѓани ќе покажат едно високо ниво на одговорност во овие тешки моменти – изјави Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски