Контроли во угостителски објекти, констатирани осум прекршоци

Од:

Денеска во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Охрид, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Тетово, во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на 185 локации, извести МВР.

– Притоа, констатирани се 5 прекршоци за присуство на малолетници после 00.00 часот, и тоа на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Тетово, соопшти МВР.

– При контролите бил констатиран и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје на подрачјето на скопски Чаир, при што кај Д.Т.(25) од Скопје бил пронајден и одземен нож, како и два прекршока по Законот за лична карта на подрачјето на СВР Куманово, додаваат од МВР.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат поради констатирани неправилности запечатени се два угостителски објекта, едниот во Сарај, а другиот во село Арнакија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас