Контроли во Гевгелија за почитување на Законот за домување

Од:

Во отсуство на управител со станбени згради во Гевгелија, изминатата година надлежните инпектори вршеле контроли исклучиво по барање од претседателите на заедниците на сопственици на станбен простор кои предлагале да се поведат прекршочни постапки против сопствениците кои нередовно го плаќале месечниот надоместок за тековно одржување на зградите и резервниот фонд на заедниците.

– Согласно одредбите од Законот за домување и правилникот за нормите и стандардите за домување, на поднесените барања одговоривме со 24 контроли по кои донесовме 18 решенија за отстранување утврдени неправилности кои се однесуваа пред се на одржувањето на станбените единици и заедничките простории ,рекоа денеска од надлежниот општински инспекторат од каде посочија дека за отстранување на аномалиите биле спроведени дури 29 постапки за едукација на сопствениците на станови.

Покрај ова станбените инспектори донеле и 13 заклучоци за запирање на поведени прекршочни постапки поради тоа што во меѓу време биле отстранети утврдените неправилности.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло