Контролата на летање ќе им го освежува англискиот на вработените за 65 илјади евра

Од:

Контролата на летање М-НАВ АД Скопје објави тендер на Бирото за јавни набавки за образовни и услуги за стручно усовршување за вработените. Станува збор за отворена постапка со која се прибираат понуди за „обука за освежување на воздухопловен англиски јазик во земја во која англискиот е официјален јазик“. Проценетата вредност на тендерот е 4 милиони денари или приближно 65 илјади евра без вклучен ДДВ.

Во техничката спецификација на огласот пишува дека курсот треба да трае 5 работни дена за скеоја група, 25 часа по кандидат, а опфатени се 97 лица. Времетраењето на обуката е 12 недели или три месеци и ќе биде спроведена од 4 март до 10 мај и од 21 октомври до 15 ноември 2019 година.

Програмата опфаќа слушање, разбирање, говорење и вежби за интеракција на англиски јазик. Меѓу другото, вклучени се и вежби за справување со невообичаени ситуации. Во условите пишува дека понудувачот треба да располага со соодветна просторија, литература и соодветен аудио и видео-материјал. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Претседателот на Управниот одбор на М-НАВ и извршен директор на секторот за воздухопловна навигација, Николче Тасевски, за „Макфакс“ рече дека тендерот е поради регулативата 340 на Европската комисија во која, како што рече е клучно познавањето нивото на англиски јазик на контролорите на летање и пилотите.

„Агенцијата за цивилно воздухопловство на 1 јануари 2019 ја прифати директивата 340 во која се предвидува редовно освежување на англискиот јазик“, рече Тасевски за „Макфакс“. Тој рече дека и лани се објавил таков оглас, но немало ниту еден заинтересиран и пријавен на огласот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

Горан Наумовски

Тасевски: Синдикатот на контролорите на летање има право и овластување да организира штрајк

Забраната за штрајк е законска, лидерот на синдикатот се одмазудва, вели адвокатот на М-НАВ

Контролорите на летање нема да штрајкуваат, ќе се жалат на времената мерка од судот

Судот им забрани на контролорите на летање да штрајкуваат

Катерина Ѓуровски

Синдикалците да не шират паника, небото на смее да се „затвори“, предупредува М-НАВ по најавите за штрајк