Контрола во спортска обложувалница која што работела без лиценца во Тетово

Од:

По претходни сознанија дека работи нелегално, тетовската полиција синоќа извршила контрола во спортска обложувалница во Тетово. Како што соопштија од МВР, имале информации дека обложувалницата работи без лиценца за работа.

Во објектот биле затекнати лицата Р.Х. (24) и П.Т. (44) од Тетово, кој се претставил дека е вработен, додека во шанкот за уплати на тикети била затекната С.Ѓ. (33) од Тетово. Во обложувалницата бил повикан и сопственикот Е.Л.

Обезбедени биле докази и бил информиран јавниот обвинител.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја