Контингент на АРМ заминува во мисијата „Одлучна поддршка“

Од:

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод испраќање на дел од контингентот на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка во Авганистан“.

На свеченоста ќе се обратат министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.

Македонското Собрание на 15-ти овој месец донесе одлука во мировната операција „Одлучна поддршка“ да заминат 38 припадници на АРМ, како продолжение на учеството  во досегашната 12-годишна мисија ИСАФ.

Во мировната мисија во Авганистан во наредните шест месеци, согласно одлуката, треба да заминат 5 штабни офицери во тим за советување во Командата за обука, советување и асистирање-Север, во рамки на германсккиот контингент, 13 штабни офицери и 1 подофицер во Командата за обука, советување и асистирање во Кабул, во турскиот контингент, како и единица за заштита на сили од 20 припадници. Финансиските трошоци за транспорт, логистички трошоци, плати и надоместоци на плати на припадниците на АРМ ги обезбедува Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски