Општина Дебрца ја одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот на општината, на која беа верификувани мандатите на новоизбраните советници.
За претседател на 11-члениот совет е избран Петре Голабоски.
Граѓаните на Дебрца на локалните избори се изјаснија дека сакаат нивните интереси наредните четири години да ги застапуваат шест советници од коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ, четворица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и еден независен советник.