Конституиран Советот на општина Гевгелија

Од:

Новоизбраниот Совет на општина Гевгелија попладнево ја одржа конститутивната седница на која беше верификуван мандатот на 19 членови од кои 10 од СДСМ и коалицијата, седум од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и двајца независни советници. На седницата за претседател на Советот со 10 гласови за и девет воздржани е избран Ташко Дојчинов, кој беше носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата.

– Се надевам дека во наредните четири години сите ние ќе имаме успешна и плодна соработка како Совет на општина Гевгелија во интерес на сите граѓани. Истовремено, ќе настојуваме да ја оправдаме довербата од граѓаните и заеднички ќе одговориме на нашите обврски бидејќи тоа е единствениот начин да им излеземе во пресрет на граѓаните и да ги задоволиме нивните интереси, рече Дојчинов.

Советот на денешната седница ја конституира и Комисијата за избори и именувања за чиј претседател беше избран советникот Тодор Ристов.

Би можело да ве интересира

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он