Конституиран локален совет за превенција во Гевгелија

Од:

Во општина Гевгелија денеска беше формиран локален Совет за превенција, со цел остварување на соработката и зацврстување на влијанието на јавноста во работата на полицијата, за утврдување заеднички препораки за подобрување на јавната безбедност во општинатата.

Во Советот членуваат претставници на сите државни органи и институции, Советот на општина Гевгелија, образованието и невладиниот сектор, а негова цел ќе биде градење доверба и партнерски односи во превенирање на појавите кои влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата.

– Наша задача е превентивно да расправаме и утврдуваме насоки за одредени значајни општествени појави и дејствувањето на безбедносните и други надлежни органи. Прва задача ќе ни биде донесувањето на Акционен план за работа што наскоро ќе го направиме. Во овој период, април-мај, е предвидено разгледување на извештајот за состојбата околу употребата на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општината по кој ќе треба да се произнесеме затоа што голем број граѓани реагираат за присуство на младите под 18 години во кафулињата по полноќ и служењето алкохол, рече градоначалникот Сашо Поцков.

Покрај ова нагласи Поцков без оглед што за сега нема опасност од повторување на бегалската криза, ќе се посветиме и на моментната состојба околу илегалните преминувања на границата од страна на мигрантите и можните предизвици оти безбедноста на граѓаните во општина Гевгелија е обврска за сите нас.

Би можело да ве интересира

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски