Конкурси за решенија за уредување плажи на Дојранско и Преспанско Езеро

Од:

Министерството за транспорт и врски објави конкурси за изработка на идејно архитектонско – урбанистички решенија за уредување плажи на Дојранско и на Преспанско Езеро во должина од по 1.350 метри и на 1.400 метри плажи.

Со конкурсот се опфатени локациите на Дојранското Езеро: „Граница Николиќ“, со должина од 100 метри „Калдрма“ – 200 метри, „Карач“ – 100 метри, плажа кај одмаралиште „Титови Пионери“ – 150, „Стара Мрдаја“ – 400 метри и плажите бр. 7,8,9 и 10 во централното градско подрачје со вкупна должина од 400 метри. На Преспанско Езеро, конкурсот се однесува на локациите: „Крани“ со должина од 500 метри, „Отешево“ – 100 метри, „Коњско“ – 200 метри, „Сливница“ – 100 метри и „Претор“ во централното подрачје со должина од 500 метри.

Од Министерството за транспорт информираат дека основно начело при изработка на архитектонско-идејното решение, треба да преставува концептот на заштитата на природната средина и зачувување на автентичноста на поедини обележја, кои се јавуваат како специфични за тој регион. Потребно е на плажите да има планирана песочна површина која би се изнивелирала и попесочила со соодветен автохтон песок, да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди совпоставување на клупи, фонтани за питка вода, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали.

Сервисниот пункт на плажите треба да ги опфати следните содржини: шанк со кабина за музика со спецификација на опрема, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити. Треба да биде обележан просторот за капење во езерото со бови заради заштита на капачите од пловни објекти и да се предвиди место за служба за спасување, а местото за седење на спасителот да се осмисли во духот на целата плажа, а на плажатада се предвидат места за информативни паноа, бежичен интернет и други погодности за забава и престој.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Горан Наумовски

Уапсени дваесет лица, од кои еден Грк: Фатени се со дрога на фестивал во Дојран

Орце Костов

Градоначалникот на Дојран бара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“

Ана Ололовска