Конкурс за новинарски стории посветени на демографијата, миграциите, пописот, избирачкиот список

Од:

НВО Инфоцентарот во рамките на проектот „Демографијата – квалитет на живеење“  поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија, распишува конкурс за новинарски стории.

Новинарските стории треба да се однесуваат на некоја од следниве теми: демографија, миграции, попис, избирачки список.

Предложените стории треба да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и етика, и да содржат елементи на аналитика и истражување. Секоја од предложените стории не треба да биде подолга од 3.500 зборови. Пожелно е текстовите да бидат подготвени во соработка или во партнерство со  граѓански организации, иницијативи, активисти.

Право на учество на овој конкурс имаат сите новинари во Република Македонија. Најквалитетните предлози ќе бидат селектирани и поддржани за реализација. Кандидатите можат да се пријават со повеќе предлози, но на еден кандидат може да му биде одобрен само еден предлог.

Предложените стории треба да бидат подготвени во периодот април – мај 2016 година. НВО Инфоцентарот и партнерските организации: Центар за развој на медиуми, Македонски центар за европско образование и Осми Септември ќе обезбедат техничка и експертска поддршка за подготовка и објавување на селектираните предлози за новинарски стории.

Конкурсот е отворен до 16 март 2016 година. Селекцијата на предлозите ќе биде направена најдоцна до 31 март 2016. Паричниот надомест на трошоците за новинарската сторија изнесува најмногу 22.000 МКД (бруто).

Кандидатите заедно со формуларот за пријавување треба да достават и своја кратка биографија, како и најмалку две претходно објавени новинарски стории. Формуларот за пријавување заедно со биографијата и примерoците од претходно објавените новинарски стории, кандидатите треба да ги достават исклучиво во електронска форма на електронска адреса: [email protected], со назнака „Конкурс за новинарски стории“.

Формуларот за пријавување се наоѓа на следниов линк: http://nvoinfocentar.mk/konkurs-za-novinarski-storii/ .

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ