Конкурс за најкул блог за почисто и поздраво Скопје

Од:

Организацијата „Еко Логик“ под покровителство на Град Скопје објави конкурс за најкул блог за почисто и поздраво Скопје на тема „Млади за одржливост“ како дел од проектот „Квалитетен живот и одржливост“.

Организаторите ги повикуваат сите средношколци од трета и четврта година да споделат сопствено искуство од секојдневието преку кое тие примениле некоја практика за заштита на животната средина, намалување на загадувањето или заштеда на енергетски извори.

Теми на конкурсот „Сподели лично учество“ се животна средина, исхрана, домаќинство и транспорт. Сите текстови може да се пратат најдоцна до 25 ноември 2015 година на [email protected] со наслов „за блог натпревар“.

За креаторите на најинтересните текстови и видеа следат награди. Победниците ќе бидат објавени на 7 декември 2015 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он