Коњаниците тргнуваат за Крушево

Од:

Коњаниците од Горно Лисиче денеска попладне, од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, ќе го започнат  „Илинденскиот марш 2015“ кој ќе заврши на 2 август во Крушево, на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски на коњаниците ќе им го предаде општинското знаме, со што официјално стартува 37-от традиционален коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Коњаниците придружувани од фаланга составена од дваесетина членови, игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.

Пред испраќањето на коњаниците од Горно Лисиче, кои се на возраст од 15 до 60 години, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија, на која високи свештеници од Македонската православна црква ќе им дадат благослов на патот кон Крушево. Пред испраќањето на илинденците ќе се организира музичка програма каде ќе настапат познати македонски естрадни уметници.

Во испраќањето на коњаниците кон Крушево, ќе се вклучи и Општинската организација на Црвениот крст „Кисела Вода“, која во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Во Илинденско Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август