Група од скопските коњаници кои секоја година тргнуваат од Лисиче кон Крушево за празникот Илинден, учествувале во тепачка кај Мечкин камен.
Полицијата морала да интервенира со испукување на предупредувачки куршум.
„На место викано „Гумење“ во Крушево дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 33 годишен крушевчанец од една страна, и Х.Ј.(18), Ј.Ѓ.(22), А.Н.(19), Б.Ј.(41) и 16 годишен малолетник сите од Скопје кои биле дел од групата која дошла со коњицата од скопско Лисиче, од другата страна“, се наведува во полицискиот билтен.
Полициски службеници од Полициска станица Крушево излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.