Конгресот за локални и регионални власти на СЕ ќе ги следи изборите во Македонија

Од:

Делегација на Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа (КЛРВСЕ) ќе ги следи изборите во Македонија, предводени од естонецот Јури Ландберг, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Делегацијата на КЛРВСЕ во Македонија ќе престојува од 21 до 25 март 2013 година, откако претходно изврши предизборна мисија од 24 до 27 февруари 2013.

Во делегацијата, во која покрај десетте членови на КЛРВСЕ има и 4 членови на Комитетот на регионите на Европската унија, на 21 и 22 март ќе има средба со министерот за локална самоуправа Тахир Хани, со претседателот на државната изборна комисија Борис Кондарко, амбасадарот и шеф на мисијата на ОБСЕ Ралф Брет и шефот на изборната мисија на ОБСЕ/БИДДХ Герт-Хинрих Аренс. Планирани се и средби со други дипломати и претставници на медиумите и невладините организации.

На 23 март, членовите на делегацијата имаат предвидено средби на теренот со членовите на општинсиките изборни комисии, домашните и меѓународните набљудувачи на изборите и кандидатите за локалните избори.

Своите првични заклучоци од изборите, делегацијата на КЛРВСЕ ќе ги соопшти на 25 март во 15 часот на конференција за печатот во хотелот Алекснадар Палас во Скопје. Целосниот извештај за изборите ќе биде изготвен за есенската сесија на КЛРВСЕ, која се одржува во октомври во Стрзбур.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“