Конгресот на ССМ не избра нов претседател

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија денеска одржа вондреден конгрес во Охрид каде што требаше да се избира нов лидер, меѓутоа воопшто не се стигна до точката за гласање поради бурните реакции на дел од делегатите кои сметаат дека изборот е недемократско со само еден предложен кандидат.

– ССМ е демократска организација, која ќе ги запази демократските процеси при изборот на претседател. Новиот претседател ќе биде избран согласно актите и документите на ССМ, но и на меѓународните стандарди, изјави претседавачот на Конгресот, Роберт Симоновски од Синдикатот за енергетика.

Тој најави дека Верификационата комисија на Синдикатот има 30 дена да ги утврди можните кандидати кои би биле предложени за нов претседател на ССМ.

Конгресот се одржуваше зад затворени врати, а беа присутни 93 од вкупно 113те делегати.

В.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски кој што беше и единствен кандидат за претседател рече дека конгресот не бил прекинат, туку дека избирањето на претседател било одложено на негово барање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ