Конгресот на СДСМ на 2 јуни во Скопје

Од:

На вечерашниот извршен одбор на СДСМ е договорено, изборно – отчетниот конгрес на социјал демократите да се оддржи на 2 јуни во Скопје.

Отчет за поразот на локалните избори ќе даде Црвeнковски, но нема да му се глaса доверба ниту нему, ниту на раководството, бидејќи им истекува мандатот, јави 24 Вести.

Според партиски извори вечерва не се зборувало за можни кандидати за лидер на партијата.

Неофицијално како можни кандидати што се споменуваат на Бихаќка се координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски, подпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски, подпретседателот на партијата и градоначалник на Струмица Зоран Заев.

Дека има лидерски амбиции не крие ниту екс разузнавачот Кире Наумов.

Црвенковски во повеќе наврати јавно кажа дека нема намера да се кандидира за реизбор.

Може довербата да ја тестира ако отворено застане зад некој од кандидатите и ја побара нивната поддршка за него.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО