Конгресмен Дејв Трот: Поддршка за суверена и силна Македонија

Од:

Наш заеднички интерес е суверена и силна Македонија. Ние мораме да ја поддржиме ваквата Македонија наместо да го поткопуваме нашиот важен сојузник, изјави конгресменот Дејв Трот, копретседавач на бипартиската конгресна комисија за Македонија и Македонците во САД.

Трот, по средбата со претставници на Обединетата македонска дијаспора во САД, порача дека Македонија била и е клучен партнер во унапредување на американската национална безбедност низ светот.

– Македонската дијаспора во Америка беше и е клучен дел од нашата заедница со своето учество во различноста и унапредувањето на целата наша нација, изјави конгресменот Трот.

Трот оствари средба со Џорџ Питерс, член на одборот на директори на ОМД, Крис Еванов член на советничкиот одбор на ОМД, Мајк Меклаугхлан претставник на компанијата Илич Холдингс, Ана Панчевска и Алек Василевски младинци лидери на генерација М и МАСА, со кои дискутираа за Конгресната комисија за Македонија и македонските Американци.

Би можело да ве интересира

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Шумер: Американците прескокнуваат оброци поради војната во Иран

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни