Конгрес на македонските стоматолози во Охрид

Од:

Во Охрид од 18 до 21 септември ќе се одржи 10-от Конгрес на Македонското стоматалоко друштво со меѓународно учество.

Се прославуваат 20 години од формирањето на Македонското стоматолошко друштво кое во изминативе децении организираше многу национални и меѓународни настани.

Во текот на четирите дена ќе може да се слушнат презентации поврзани со главната тема на Конгресот „Иднината на извонредноста во стоматологијата: Уметност на науката, знаење и вештини“.

Експерти од различни области во стоматологијата ќе ги сподоелат и дискутираат своите вредни искуства од нивната професионална и научна работа.

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението