Конференција за урбана мобилност и град во кој квалитетно се живее

Од:

Градските власти денеска организираат меѓународната конференција на тема „Развој на урбаната мобилност за одржлив град и град во кој квалитетно се живее“.

– Целта на овој проект е намалување на сообраќајниот метеж во европските градови преку поттикнување на промена на транспортот, од употреба на автомобили кон користење други видови транспорт, соопшти Град Скопје.

Конференцијата се одржува во рамки на проектот „CREATE“, насловен како „Намалување на сообраќајниот метеж во Европа – напредна ефикасност во транспортот“ (Congestion Reduction in Europe – Advancing Transport Efficiency), кој е целосно поддржан од ЕУ програмата „Хоризон 2020“ во кој Град Скопје учествува од 2015 година.

На конференцијата ќе се обратат скопскиот градоначалникот Петре Шилегов, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Вирве Вимпари, претставничка од Делегацијата на ЕУ во Македонија, а излагања ќе имаат домашни и странски експерти.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош