• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Конференција за улогата на ЈО во следењето на комуникациите

by А1он28/03/2017 - 11:28127
Share0

Примената на посебни истражни мерки, особено следењето на комуникациите како начин за обезбедување на докази во кривичната постапка за гонење на сериозен вид криминал и зачувување на безбедноста на државата претставува предизвик со кој се повеќе се соочуваат јавните обвинители при своето работење, истакна денеска државниот јавен обвинител Марко Зврлевски на отворањето на меѓународна конференција „Следење на комуникациите – законска рамка и искуства, улогата на јавниот обвинител“.

Добивај вести на вибер

– Прекуменрното користење на ова исклучително ефикасно средство за борба против организираниот криминал, корупцијата и тероризмот од една страна, но и средство со кое директно се задира во основните човекови права од друга страна, се почесто се злоупотребува. Сведоци сме на обелоденување на тешки злоупотреби на агенциите за разузнавање на овој вид опрема и нивно незаконско користење најчесто со политички цели. Токму нелегалното следење на комуникациите во Република Македонија придонесе нашата држава да се соочи со сериозна општествена криза, рече Зврлевски.

Улогата на јавниот обвинител, посочи Зврлевски, од аспект на чувар на правото станува се поизразена и ваквите случувања, како што рече, поттикнуваат размисли за тоа кои заштитни механизми да се воведат за да се спречи злоупотребата на овие системи во иднина.

– Процесот на следење на комуникации во Република Македонија е регулиран со законите за кривична постапка и за следење на комуникациите. Во декември 2013 година стапи во сила нов закон за кривична постапка со кој јавниот обвинител доби несомнено многу поголеми овластувања од порано. Обвинителот доби овластувања за самиот да спроведува посебни истражни мерки или под негова контрола. Ваквото законско решение повеќе или помалку остана на хартија, изјави Зврлевски.

Посочи, дека иако овластени органи за следење на комуникациите се Јавниот обвинител, Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција и Царинската управа, фактички тоа остана во рацете на МВР бидејќи до денеска тие исклучиво ја поседуваат потребната опрема.

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски рече дека Република Македонија ги следи глобалните трендови во справувањето со организираниот криминал и на полето на реформата на казненото право усвои измени во насока на приближување на казнено-правниот систем до европските стандарди.

– Посебните истражни мерки претставуваат ефикасен правен инструмент во борбата против организираниот криминал и корупција. При нивното дефинирање особено е битно да се води сметка за рамнотежа меѓу слободите и правата на човекот и граѓанинот од една и ефикасноста во справувањето на најефикасните облици на кримнал од друга страна. Посебните истражни мерки дефинирани во новиот закон се целосно усогласени со меѓународните стандарди и пракси во оваа област. Нивната примена е битно ограничена и истите се применуваат само тогаш кога е веројатно дека ќе се обезбедат податоци и докази неопходно за успешно водење на кривичната постапка, истакна претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Горан Наумовски21/01/2026 - 16:16

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:0120/01/2026 - 14:05

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 18:5418/01/2026 - 20:37

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:55

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен