Конференција за разбирање на ризиците на Балканот во Белград

Од:

Државниот секретар од Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, од 17-19 септември учествува на конференција „Разбирање на ризиците Балканот“. Конференцијата е организирана од страна на Светска банка и Владата на Република Србија, со финансиска контрибуција на Европсата Унија и Глобалниот Фонд за намалување на ризиците за настанување на катастрофи.

Конференцијата ја следат преку 300 учесници од балканските земји и од ЕУ. Од Македонија учествуваат и претставници од Министерството за транспорт и врски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и пртеставници од приватниот сектор.

Темите на Конференцијата се во насока на информирање за најновите технологии за рано откривање на ризиците за настанување на катастрофи и за проценка и справување по нивно настанување; регионална соработка; вклучување на локалните заедници во превенција и санирање на штети од катастрофи; економски инструменти и производи за осигурување од штети; вградување на аспектите на климатските промени во планирањето, изведбата и одржувањето на патната инфраструктура итн.

Особено е важно да се разменат информации за подготвеноста на државите за превенција и справување со катастрофи, како и можните заеднички активности, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!