Конференција за правната подготвеност за инспекциите во НВО

Од:

Потребно е прецизирање на Законот за персонален данок на доход, односно регулирање на обврските на граѓанските организации во однос на одданочувањето и даночните ослободување, кој се разликува од јавниот сектор и стопанските субјекти.

Ова денеска беше констатирано на тркалезната маса насловена „Како до законска регулатива која ќе ги заштити граѓанските организации од арбитрарни инспекции и контроли во областа на даночното и финансиско работењего“, иницирана од неодамнешните инспекциски контроли врз 20-тина невладини организации. Конференцијата е организирана од Макдонското здружение на млади правници, Институтот за човекови права и Коалицијата Сите за правично судење.

Гоце Коцевски од Македонското здружение за млади правници рече дека покрај инспекциите за финансиското работење на невладините организации, од страна на повеќе политичари се вршел и јавен притисок за нивен прогон.

– При спроведувањето на инспекциите кон невладините организации коинцидираше со голем јавен притисок од страна на водечки политичари кон овие организации и резултираше со петмесечни даночни контроли, истакна Коцевски.

Потенцира дека според повеќето граѓански организации, меѓународни извештаи и Народниот правобранител се констатирало дека се работи за одредена селективност на вршење инспекции токму кон овие организации и во однос на времето кога е тоа извршено.

На настанот беше презентирана и предлог иницијативата до Уставниот суд на РМ со која се оспорува членот 5 став 2 од Законот за персонален данок на доход со која, како што велат организаторите, на нејасен и непрецизен начин се воспоставува обврска за плаќање на персонален данок на доход и за приходите остварени со натура или на некој друг начин.

Би можело да ве интересира

Маск започнa пресметка со невладините организации, прв на листата НЕД

А1он

Околу 12 милиони долари би се изгубиле во земјава по одлуката на Трамп за замрзнување на програмите за помош во странство

НВО Инфо: Локалните власти да ја зајакнат транспарентноста при трошење на државните пари

Ана Ололовска

ВИДЕО: НВО бараат итно донесување на законот за спречување и заштита од дискриминација

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Перцепцијата на граѓаните за работата на општинските инспекции: Инспекторите повеќе ги штитат моќниците отколку јавниот интерес

Ана Ололовска