Конференција за „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција во пресрет на извештајот на ЕК“

Од:

Конференција на тема „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција во пресрет на извештајот на Европската Комисија“ ќе се одржи денеска во Скопје, со цел да се иницира дискусија за напредокот во справувањето со организираниот криминал и корупција во пресрет на извештајот на ЕК за Република Северна Македонија.

На конференцијата најавено е обраќање на министерката за правта Рената Дескоска, на раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини, на шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција Вилма Русковска, на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на претседателот нна Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска и на првиот извршен директор на Асоцијацијата за демократски иницијативи АДИ, Алберт Муслиу.

Конференцијата е дел од проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите во справување со организиран криминал и корупција“, финансиран од Делегацијата на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Мицкоски: Украденото мора да се врати на народот, криминалот не смее да се исплати

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Украина: Пратеничката Скороход е шеф на криминална група

Горан Наумовски

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски