Конференција за медиумска регулација и етички предизвици

Од:

Во рамки на Конференцијата за медиумската саморегулација и етичките предизвици во медиумите на Советот за етика во медиумите на Македонија денеска беше промовирана публикацијата „Известување во интерес на јавноста“.

Публикацијата, изготвена од д-р Сефер Тахири и Мирче Адамчевски, ги содржи основните принципи на новинарското известување, одлуки на комисијата, како и преглед на поднесените поплаки до Комисијата за жалби. Во обидите да ја афирмира саморегулацијата, СЕММ во изминатите три години работеше на информирање на јавноста за случаите на непрофесионално известување на медиумите. Во овие три години до СЕММ се поднесени околу 200 жалби, а бројката на поплаките се менува речиси секојдневно.

Според претседателот на Управниот одбор на СЕММ Драган Антоновски во Македонија е потребна целосна реформа на медиумската сфера. Публиката, вели тој, генерално не им верува на медиумите, онлајн сферата не е регулирана, не не одминуваат ниту лажните вести, а институциите надлежни за традиционалните медиуми треба да ја преземат одговорноста. Дел од решението на проблемите, како што кажа, е во саморегулацијата на медиумите.

– Подобро е самите да се регулираме отколку другите да не регулираат, потенцира Антоновски.

Билјана Петковска директор на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) истакна дека тие ќе продолжат да ги поддржуваат активностите за саморегулација во медиумите, но смета дека саморегулацијата во медиумите нема да ги даде посакуваните резултати доколку паралелно не се работи на законски, институционални и пазарни услови за успешно, слободно и одговорно функционирање на медиумите. Во тој дел, вели таа, најголема одговорност има државата која во соработка со менаџерските структури и со медиумите треба да создаде поволна клима во која медиумите ќе функционираат слободно и одговорно и ќе остваруваат позитивни деловни резултати.

Поддршка на проектот дадоа и ЕУ и ОБСЕ чии амбасадори Самуел Жбогар и Нина Суомалаинен искажаа заложби за примена на саморегулацијата и враќање на довербата на граѓаните во медиумите. Жбогар истакна дека времињата глобално ја прават етиката поважна од секогаш и оти улогата на медиумите е суштинска за развој на демократијата во едно општество.

Конференцијата се организира со помош на грант доделен преку проектот “#РеФорМедиа – унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера”, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми и Мировниот институт од Љубљана со финансиска поддршка од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ