Конференција за креирање локална стратегија во Куманово

Од:

Здружението на жени „Сирма“ од Куманово денеска организираше конференција за креирање на локална стратегија за социјална инклузија на млади и жени во рамки на проектот „Македонска активна платформа за социјална инклузија -МАПСИ.

Целта на конференцијата, како што посочува претседателката на Сирма, Татјана Крстевска, е да се соберат сите локални чинители кои ќе учествуваат во формирањето на локалната платформа за социјална инклузија на млади и жени на општина Куманово и истата ќе претставува почетна точка за континуирана работа , креирање на база за понатамошна соработка и развој на дијалог.

-Проектот се одвива во 18 градови на Македонија. Целта е правење на локални стратегии во кои ќе бидат опфатени две целни групи, групата жени и групата млади, да се вмрежат различни институции од градот при што би можеле да изготват што поквалитетна стратегија која понатаму ќе биде презентирана на локалниот совет, истакна Крстевска.

Активностите на МАПСИ проектот се во насока на зајакнување на релевантните чинители –локална самоуправа, владини институции, невладини организации, бизнис заедница и слично во создавањето, спроведувањето и следење на програмите за социјална инклузија со посебен фокус на градење на партнерство, вмрежување и соработка.

-Ќе се одржат и наредни три работилници кои во групи ќе ја изработат стратегијата. Проектот завршува во мај месец со настан во Скопје на кој ќе бидат присутни сите локални чинители од 18-те општини кои што учествуваат во изработка на националната стратегија која се надеваме дека ќе влезе и во националните програми на Владата на Македонија, рече Крстевска.

Проектот е поддржан од ЕУ со средства на ИПА компонентата за развој на човечки ресурси. Здружението е локален партнер на оваа активност, дел од проектот МАПСИ кој го имплементира Институтот за економски стратегии и меѓународни односи од Охрид и партнерската организација Македонско женско лоби од Скопје.

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда