Конференција на главните подофицери во командите и единиците на АРМ

Од:

Нашалникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски денеска во рамките на годишна конференција на главните подофицери во командите и единиците на АРМ, првпат во АРМ симболично ќе изврши доделување на ознаките за должноста главен и прв подофицер во Армијата на Република Македонија.

Доделувањето на ознаките е согласно со Уредбата за единствен знак за припадност на Армијата на Република Македонија, униформата, ознаките на чиновите, на родовите и службите, ознаките на единиците како и начинот и условите за нивно носење.

На конференцијата пред началникот на ГШ и командантите на командите и единиците на АРМ, главните подофицери ќе брифираат за реализираните и претстојни активности на подофицерскиот кор на АРМ.

Подофицерскиот кор во АРМ и армиите на НАТО е особено значаен со улогата на компетентни тренери со развиени лидерски карактеристики и способности, и претставува еден од главните столбови во изведување на воената обука.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски